Ahmed Muharem
03 Април 2023•Ажурирај: 04 Април 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - Кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, победи на претседателските избори во Црна Гора, освојувајќи во вториот круг 58,9 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Центарот за демократска транзиција (CDT) врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, известува Анадолу.
Според податоците на Центарот за демократска транзиција (CDT), за претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (DPS) и актуелен претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, гласале 41,1 отсто од гласачите.
Во вториот круг на претседателските избори гласаа околу 383.000 гласачи, односно 70,7 отсто од гласачкото тело.
Право на глас на овие избори во Црна Гора имаа 542.154 граѓани.