Oktaj Omeragikj
15 Јуни 2025•Ажурирај: 16 Јуни 2025
СКОПЈЕ (AA) – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) на Северна Македонија апелира до сите државјани да се воздржат од патувања во Иран и Израел поради моменталната безбедносна состојба, известува Анадолу.
Во соопштението објавено од Министерството, се нагласува дека ситуацијата во регионот е нестабилна и може да претставува ризик по безбедноста на македонските граѓани.
Министерството ги повика сите државјани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
МНРиНТ, исто така, информира дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ќе ја следи состојбата и ќе биде достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на граѓаните.