Fatjon Cuka
01 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ТИРАНА (АА) - Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија излезе со реакција околу референдумот што се одржа вчера во Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ова министерство се вели дека албанското МНР го поздравува гласот „за“ на граѓаните на Македонија за поддршка на Договорот околу името со Грција, за време на вчерашниот консултативен референдум.
„Ние го поттикнуваме продолжувањето на понатамошниот законодавен процес за иницирање на потребните уставни измени и за целосна имплементација на постигнатиот Договор од Преспа, како единствен пат за членство на земјата во НАТО и ЕУ. Време е сите политички сили во Собранието да одговорат на волјата на граѓаните, и со широк консензус да ја искористат оваа историска можност за напредок на земјата кон евроатлантскиот пат“, се вели во соопштението.
Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), на вчерашниот консултативен референдум за промена на името на Македонија и членство на земјата во НАТО и ЕУ, гласаа 36,91 отсто од регистрираните гласачи, од кои 91,46 отсто или 609.813 гласачи гласаа „за“.