19 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА
Вчера беше голем ден за муслиманите во светот. Синоќешната ноќ, именувана како Ноќ Кадр (Лејлетул Кадр) ја одбележаа сите муслимани во светот како ноќ посупериорна од сите други, ноќ во која започна спуштањето на Божјата објава - Куранот и ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“.
Синоќа муслиманите ја славеа светата Ноќ Кадр (Лејлетул Кадр) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која се одбележува во 27-мата ноќ од муслиманскиот месец на постот Рамазан.
Во согласност со воведените мерки како превентива против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19), прекинати се колективните верски обреди и молитвите во џамиите низ Северна Македонија во периодот на полицискиот час. Од таа причина муслиманите Ноќта Кадр (Лејлетул Кадр) ја поминаа во верски обред (ибадет) и читање дови (молитви) во своите домови.
Порака по повод одбележувањето на Ноќта Кадр објави и претседателот за Верски прашања на Турција Али Ербаш.
Велејќи дека исламскиот свет е во радост поради дочекот на Ноќта Кадр (Лејлетул Кадр) која ги крунисува последните денови на месецот на милоста и прошката Рамазан и пружа можност за спас од вечното мачење, Али Ербаш во својата порака потсети дека една од главните карактеристики коишто Ноќта Кадр ја прават посупериорна од сите други е фактот дека таа ноќ е објавена светата книга Куранот (Куран-и Керим е спуштен од небото), што е најголем показател на Алаховата милост кон луѓето, давајќи им водич низ животот.