Djihat Aliju
23 Ноември 2026•Ажурирано: 23 Ноември 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунску, се сретна со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан, пренесува Анадолу.
Средбата се оствари на маргините на министерскиот состанок „Пријатели на Западен Балкан“ во главниот град на Грција, Атина.
Во објавата на американската платформа на социјални медиуми X, Муцунски истакна дека е ова е прва билатерална средба со Орбан по нејзиното именување на функцијата.
На средбата биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката посветеност за натамошно зајакнување на соработката во областите од заеднички интерес.
„Се разговараше за европската перспектива на Западен Балкан и за важноста на веродостоен и доследен процес на проширување на ЕУ. Изразена е благодарност за континуираната поддршка од Унгарија за нашата интеграција во ЕУ. Разменети се мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што е истакната нашата заедничка посветеност на стабилноста и соработката“, напиша Муцунски.