Zülfiya Yakup
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
ПРИЗРЕН (AA) - Основниот суд во Призрен, Одделот за тешки злосторства, на вкупно пет години ги осуди напаѓачите на Конзулатот на Република Турција во Призрен, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Основниот суд во Призрен, Афердита Кицај во изјава за АА потврди дека тој суд петмината напаѓачи на Конзулатот ги осуди на по една година затвор за предизвикување на општа опасност, додека се ослободени за загрозување на лица под меѓународна заштита.
Според зборовите на Кицај, со оваа пресуда се смета и времето поминато во притвор и куќен притвор. Петмината обвинети: И.С Ег. С., Б.С, Ед.С. и Б.Б, сите од Призрен, на 28 ноември 2016 година, на Денот на албанското знаме, ја нападнаа зградата на Конзулатот на Република Турција во Призрен со молотовиев коктел и бетонски блок.