Bakir Tiro
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтер ја потресе Босна и Херцеговина во 11:40 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Епицентарот на земјотресот беше во близина на Високо, во централна Босна, на длабочина од 4 километри“, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е почувствуван и во Сараево, Зеница, Жепче, Маглај, Завидовиќи, Олово, Кисељак, Витез…
Девојка од Столац, град на југоистокот на Босна и Херцеговина, во чија близина се наоѓаше и епицентарот, загина во разорниот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала што се случи на 23 април годинава во 23 часот и 7 минути. Повредени се неколку лица, а причинета е материјална штета на бројни објекти во повеќе градови во Херцеговина.
Тоа беше најсилниот земјотрес во Босна и Херцеговина во последните 50 години.