Seyyid Emin
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
СКОПЈЕ
Денеска за првпат по речиси два месеци, во Северна Македонија се одржа петочната молитва во џамиите заедно со верниците, која беше прекината како дел од превентивните мерки против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со одлука на Исламската верска заедница на Северна Македонија донесена на 12 мај, џамиите повторно се отворени за спроведување молитви на населението. Во согласност со правилата, денеска за првпат се одржа петочната молитва.
- Денеска за првпат по речиси два месеци, во Северна Македонија се одржа петочната молитва во џамиите заедно со верниците, која беше прекината како дел од превентивните мерки против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата- Џамија Дуќанџик ( Seyyid Emin - Агенција Анадолија )
Можеше да се забележи дека секој од граѓаните кои по долго време повторно имаа можност да бидат дел од петочната молитва во џамиите, ги следел дадените совети, како што се абдестот да биде направен дома, да се носи маска, да се дезинфицираат рацете, да се одржува физичка дистанца и секој верник да си понесе сопствено сеџаде (простирка за молитва).
Во согласност со заштитните мерки што ги донесе Исламската заедница, петочното верско предавање не траеше повеќе од 10 минути. Верските молитви во џамиите низ Северна Македонија беа прекинати на 17 март како дел од првентивните мерки против ширењето на Ковид-19.
Од друга страна, вонредната состојба во земјата која е воведена пред речиси два месеци, во некои периоди со различни термини, продолжува да се спроведува и во наредниот период со забрана за излегување на улица од 19:00 до 05:00 часот.
Во согласност со тоа, населението има можност да ги извршува само пладневната, попладневната (икиндија) и петочната молитва (џума намаз) во џамиите.
Според последните информации што ги објави Министерството за здравство на Северна Македонија, вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 1.740, додека 97 лица ги загубија животите. Од почетокот на пандемијата во земјава оздравеа 1.251 лице, а во моментов регистрирани се 392 активни случаи.