Furkan Abdula
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Полицијата на Северна Македонија пронајде над 40 мигранти со потекло од Пакистан кај Гевгелија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Во соопштението се наведува дека полициските службеници мигрантите ги пронашле на 13 мај во близина на Негорски Бањи во Гевгелија.
„На 13.05.2022 во 23.20 часот од страна на службеници на полициската станица Гевгелија, во близина на Негорски Бањи се пронајдени 44 лица мигранти од Пакистан“, се вели во соопштението.
„Со нив е извршен разговор и тие се пренесени во Транзитниот центар ‘Винојуг’ Гевгелија“, се наведува во ова соопштение на МВР.