????? ????????, ????? ?????
21 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) – Бројот на припадниците на безбедносните сили на македонската јужна граница се зголеми откако повторно економските мигранти почнаа да протестираат барајќи да бидат пуштени да ја поминат македонско-грчката гранична линија, јавува Anadolu Agency (AA).
Економските мигранти, кои не доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак, земјите каде што се војува, со денови веќе се наоѓаат на самата граница, пуштени се од страна на Грција, а Република Македонија нема толкав капацитет, поради што на 19.11.2015 година воведе и мерка на селективен пристап, примајќи ги само бегалците кои доаѓаат од земјите во кои се војува.
На терен се и активистите на хуманитарните оранизации.
Од УНХЦР информираа дека економските мигранти одбиваа да примаат било каква помош.
Зголемен број на бегалци може да се примети и во делот помеѓу граничниот премин и прифатниот камп за бегалци, кадешто бегалците се групираат чекајќи да дојдат на ред за регистрација.
Присутните екипи на Македонски Железници рекоа дека денеска, до сега за Табановце заминаа три воза со најмалку 400 патници во еден воз, а бегалците кон северната граница патуваат и со автобуси и такси превоз.