Furkan Naci Top
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АТИНА (АА) – Поради огромните врнежи од снег во последните денови, на високите места во Грција, испразнет е бегалскиот камп Петра којшто се наоѓа во подножјето на планината Олимп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на претставникот од општината Катерини, Никос Папазиогас, стотици бегалци, меѓу кои и деца се пренесени во други региони.
Повеќето бегалци се распоредени западно од Солун, во околината на езерото Воли, а пак 65 бегалци привремено се сместени во хотел на крајбрежјето на Катерини.
Во кампот Петра престојуваа повеќе од 700 бегалци. Поради интензивните снежни врнежи, во регионот некои патишта се затворени, а бегалскиот камп е затрупан со снег.
Повеќе од 60 илјади бегалци останаа заглавени во Грција, поради затворањето на европските граници за мигрантите. Повторното распределување и процесот на азил трае многу долго, па поради тоа многумина бегалци се принудени да ја поминат зимата во тешки услови.