Ekipa
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) – Грчките медиуми јавуваат дека Норберт Блуем (80), поранешен германски министер за труд, планира да ја помине ноќта во кампот во знак на солидарност со бегалците кои се "заглавени" во Идомени на границата помеѓу Грција и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Блеум, кој беше член на Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и министер за работа од 1982 година, дојде во Идомени во бегалскиот камп каде се наоѓаат околу 12.000 луѓе, најголем број од нив Сиријци и Ирачани. Тие застанаа во Идомени со мала надеж дека Македонија ќе им дозволи да ја преминат границата за да го продолжат патот кон централна и северна Европа.
Назим Серхан, еден од бегалците во кампот, во петокот почна штрајк со глад, барајќи да му се овозможи повторно да се сретне со својата сопруга која е во Германија. Тој вели дека е тешко болен од рак, а со него во кампот се и нивните три деца.