Ekip
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, испрати порака по повод „18. Март, Денот на загинатите херои и 103. годишнина од победата кај Чанаккале“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката по повод овој голем ден за турската нација, амбасадорката Кара порачува:
„Со особена гордост, на турската нација чија историја е исполнета со славни победи, им ја честитам 103. годишнината од поморската победа на Чанаккале, победа на која уште еднаш на целиот свет му беше покажана љубовта кон татковината и независноста. Истовремено, по повод 18 март „Ден на загинатите херои“, со почит ги споменувам и од Господ барам милост за сите војници, полицајци, дипломати, учители и сите останати загинати херои кои за интересите на земјата и нацијата, ги дадоа своите животи во Турција и насекаде во светот.
„Република Турција е формирана и дојде до овие денови благодарение на пожртвуваноста и хероизмот на своите синови и ќерки. Турскиот народ до последата капка крв ја бранеше својата татковина на бојните полиња во Борбата за независност, особено во битката кај Чанаккале; Во подлите напади изведени од страна на терористичките организации као што се АСАЛА и ПКК, своите животи ги дадоа државните службеници кои служеа во заштита на нашите национални права и интереси; Нашиот храбар народ вечерта на 15. јули се соочи со предавничкиот обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО и застана во одбрана на демократијата, давајќи голем број жртви. И денеска, нашата славна војска со цел опстанок на Република Турција и мир во регионот, несебично води борба против тероризмот во Африн“, истакнува амбасадорката Тулин Еркал Кара.
„Како што тоа го правеше во минатото, Турција и во иднина, со максимална посветеност и истрајност, ќе ја продолжи својата борба против сите предавнички терористички организации. Во оваа пригода, со почит се поклонуваме пред сеќавањата на сите загинати херои. Душите нема им почиваат во мир“, се наведува во пораката по повод „18. Март, Денот на загинатите херои и 103. годишнина од победата кај Чанаккале“.