Diyar Güldoğan
23 Септември 2026•Ажурирано: 23 Септември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк оствари средба со јапонската премиерка Санае Такаичи, јавува Анадолу.
Средбата, која се одржа зад затворени врати, се реализираше на маргините на 81. заседание на Генералното собрание на ОН.
Според Директоратот за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања.
Ердоган ѝ рекол на премиерката дека двете земји имаат потенцијал во краток рок да го зголемат обемот на билатералната трговија на „урамнотежен начин“. Тој ја истакнал важноста од истражување на можностите за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и одбранбената индустрија.
Според соопштеното, тој истакнал дека Турција вложува напори за унапредување на мирот во регионот и во светот, а истовремено ја нагласил важноста од обновата на Сирија, Појасот Газа и Украина, кои претрпеа огромни разурнувања поради војните.
Ердоган, исто така, ја покани Такаичи да присуствува на Самитот на лидерите КОП31, кој ќе се одржи во Турција во ноември.