Admir Fazlagic
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот пејач Влатко Илиевски (33) синоќа бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На 6.7.2018 година, околу 23:00 часот во Скопје, на ул. „3-та Македонска бригада“, во патничко моторно возило Тојота, пронајден е починат В.И. (33) од Скопје“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР - Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Влатко Илиевски беше македонски пејач на поп и рок-музика. Својата кариера ја започнал во почетокот на 2000-тата и за кратко време се стекна со голема популарност кај македонската публика.
Пред да ја почне својата соло-кариера, тој бил дел од музичката група „Морал“. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Илиевски се занимаваше и со актерство. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломирал со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.
Неговите попознати песни се: „Небо“, „Уште си ми ти“, „Со други зборови“, „Не те можам“, „Скитник“, „Најбогат на свет“, „За љубов се пее до крај“, „Работнички, шампионе“, „Среќа“ и „Есен“.