Nuray Tunçay
21 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Мустафа Коч, претседателот на најголемиот индустриски конгломерат во Турција, „Коч Холдинг”, почина во 56-та година од животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Коч е префрлен во болницата „Бејкоз” во Истанбул, во која му е пружена медицинска помош, откако утринава претрпел срцев удар. Коч потоа е префрлен во Американската болница при Фондацијата „Вехби Коч”, каде по кратко време почина.
Информацијата за неговата смрт ја потврди генералниот директор на оваа болница Ерхан Булутчу.
„Мустафа Коч утринава претрпе срцев удар, после кој е префрлен во болница. И покрај сите напори на нашите доктори, ја изгуби битката со животот”, рече Булутчу.
Мустафа Коч од 2003 година беше на чело на „Коч Холдинг”, основан 1926 година, а под негова закрила се 113 претпријатија со 90.000 вработени.
Главни сектори на делување на овој холдинг се енергетиката, трговијата, индустријата, финансиите, туризмот и бродоградбата.
Соработува со многубројни големи компании во Европа, САД и во Кина. „Коч Холдинг” е единствена турка компанија на листата од 500 највлијателни светски компании, која ја објавува американското бизнис списание "The Fortune".