AA
15 Септември 2022•Ажурирај: 15 Септември 2022
ПОДГОРИЦА (АА) – Долгогодишниот функционер и пратеник на Демократската партија на социјалистите во Собранието на Црна Гора, Миодраг Вуковиќ, почина на 68-годишна возраст, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вуковиќ во неколку состави беше пратеник, како и претседател на повеќе собраниски комисии. Тој беше и потпретседател на Владата на Црна Гора од 1996 до 1998 година.
Беше и советник на претседателот на Црна Гора за уставниот систем од 1998 до 2002 година.
Oд октомври 2014 година Миодраг Вуковиќ беше декан на Правниот факултет на Универзитетот „Медитеран“.
Ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Подгорица.