Furkan Abdula
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
Ковачевски честитката до Ердоган ја објави на својот профил на социјалните мрежи.
„Честитки до Реџеп Таип Ердоган за новиот претседателски мандат“, напиша Ковачевски.
Претседателот на Владата на Северна Македонија нагласи дека големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Туркије продолжуваат да го развиваат на билатерален и економски план и во рамките на партнерството во НАТО.
„Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека, како и досега, ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот“, додаде Ковачевски.