Husamedin Gina
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, денеска одржа предновогодишна средба со претставниците на медиумите, јавува Агенција Анадолија (АА).
На брифингот со новинарите, претседателот Талат Џафери се осврна на тековните и идните активности на Собранието.
Одговарајќи на новинарското прашање „како Собранието оваа година се справуваше со новата реалност поради епидемијата од Ковид-19“, претседателот Џафери, истакна дека пленарните седници наместо да се одржуваат во пленарната сала, која е предвидена за тоа, се одржуваат во новата сала во собраниската купола, којашто не овозможува техничка поддршка за електронско гласање, а системот на гласање се одвива механички со кревање на картончиња.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во однос на пописот на населението рече дека во земјата реално немало долго време попис на населението и потсети дека Законот за попис е во собраниска процедура.
На прашањето за евроинтеграцијата на земјата и за ветото од страна на Бугарија, Џафери рече дека за тоа прашање може да се изјасни во рамките на надлежностите на Собранието.
Меѓу другото, Џафери потсети дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ги обврзува двете страни да ги исполнуваат точките од Договорот.
За меѓусебните обвинувања на двете земји, Џафери рече дека тоа не е прашање што може да го третира како претседател на Собранието.