СКОПЈЕ
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, се сретна со претседателот на Парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп и придружната делегација беа пречекани со официјална церемонија од претседателот на Парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери, како дел од нивните контакти во Скопје.
Церемонијата започна со интонирање на националните химни на Република Турција и Република Северна Македонија, продолжи со поздравување на знамето на Република Северна Македонија, на Воената почесна гарда и со поминувањето пред Воената почесна гарда.
По церемонијата на пречек, Шентоп и придружната парламентарна делегација заминаа на средба со претседателот Џафери.
За време на средбата, Џафери посакувајќи им добре дојде на своите гости рече дека Денот на наставата на турски јазик не е само празник за Турците, туку е празник и за земјата, и дека тоа придонесува за продолжување на односите на високо ниво меѓу двете земји.

Џафери исто така рече дека е задоволство што односите меѓу парламентите на двете земји продолжуваат на највисоко ниво.
Шентоп, исто така, го изрази задоволство за посетата на Скопје и што ќе се сретне со неговиот колега на Денот на наставата на турски јазик, ден што има посебно значење за Турците во Северна Македонија.
Потенцирајќи дека Турција е една од првите земји што ја призна Северна Македонија и дека односите меѓу двете земји напредуваат добро, Шентоп рече дека на народот на Северна Македонија му ја честита 30-годишнинината од независноста на земјата.
Истакнувајќи дека постојано ги унапредуваат повеќедимензионалните односи што имаат историски, човечки и културни корени, Шентоп рече дека посетите на високо ниво придонесуваат за овие односи и дека Турција ја поддржува Северна Македонија во НАТО и на други меѓународни полиња.
Додавајќи дека исто така ја поддржуваат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, Шентоп нагласи дека не е правилно билатералните проблеми да се носат во меѓународните мултиструктури и дека верува дека приговорот на Бугарија за процесот на Северна Македонија во ЕУ ќе биде решен на разумна основа.

- „Задоволни сме што нашите економски односи исто така следат курс што постојано се развива“
Осврнувајќи се на економските односи меѓу двете земји, Шентоп рече дека билатералниот обем на трговска размена е зголемен за 46 отсто во однос на претходната година.
„Ова е голем напредок, предвидувам дека ќе ја достигнеме нашата заедничка цел од 1 милијарда долари обем на трговска размена во блиска иднина“, нагласи претседателот Шентоп.
Наведувајќи дека верува дека што е можно поскоро ќе биде ажуриран Договорот за слободна трговија за да се опфатат земјоделските производи и услужни дејности, Шентоп рече дека тоа ќе го отвори патот на проширување на портфолиото на економската соработка.
Меѓу другото, Шентоп истакна дека турските фирми со нивните инвестиции што достигнале 1,3 милијарди евра вработуваат повеќе од 5.000 лица.
Потенцирајќи дека имаат заеднички вредности со Северна Македонија и дека Турците што живеат овде имаат голем придонес за тоа, Шентоп нагласи дека придаваат големо значење на тоа Турците што живеат во Северна Македонија да го учат турскиот јазик.

Укажувајќи на важноста на глобалната соработка и солидарност од појавата на епидемијата на коронавирусот, Шентоп посочи дека епидемијата може да се победи само со заедништво.
„Во овој контекст, испративме здравствени материјали во многу земји, вклучително и во Северна Македонија. И во наредниот период ќе ја продолжиме нашата соработка во оваа област. Кога ќе започнеме со производство на нашата национална вакцина ‘Турковак‘, ќе продолжиме да ја одржуваме нашата солидарност со нашите браќа граѓани на Македонија“, рече Шентоп.
За време на средбата Шентоп беше придружуван од претседателот на парламентарната група за пријателство меѓу Турција и Северна Македонија и пратеник на АК Партија од Бурса, Ахмет Килич, заменик-претседателот на ЏХП и пратеник од Текирдаг, Илхами Озџан Ајгун, заменик-претседателот на МХП, Еркан Акчај, пратеникот на партијата ИЈИ од Текирдаг, Енез Каплан, и амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.
Шентоп исто така се потпиша и во собраниската Книга на впечатоци.
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, исто така ќе ги прими Шентоп и парламентарната делегација.
Претседателот на турскиот Парламент ќе го посети Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и ќе се сретне со учениците во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.
Шентоп ќе учествува на одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, каде што ќе има и свое обраќање.