Ahmet Nurduhan
18 Ноември 2022•Ажурирај: 20 Ноември 2022
САРАЕВО (АА) - Во близина на градот Вишеград, Босна и Херцеговина, се пронајдени посмртните останки на најмалку две лица кои се убиени за време на војната која во земјата траеше во периодот од 1992 до 1995 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина се наведува дека посмртните останки пронајдени во Горна Црнча, се смета дека припаѓаат на најмалку две жртви.
Се истакнува дека останките се од бошњачки цивили кои исчезнале во 1992 година, и дека една од жртвите била постара жена.
Според соопштението, пронајдените останки на коските се пренесени на форензичка анализа во градот Горажде, и ќе бидат земени примероци од нив за да се утврди идентитетот на жртвите преку ДНК-анализа.
По барање на судот, ископувањата биле предводени од страна на Обвинителството на Босна и Херцеговина
Војната во Босна и Херцеговина започна на 1 март 1992 година, а траеше до 14 декември 1995 година.