Emel Öz Gözellik
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
РЕД БЛАФ (AA) - Најмалку две лица се убиени во пукање во основно училиште во местото Техама на северот на Калифорнија во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Фил Џонсон, заменик-шериф, на новинарите им рече дека вооружено лице отвори оган на основно училиште.
Истакна дека во таа прилика загинале две лица, додека се ранети голем број ученици.
Додаде дека полицијата го усмрти напаѓачот.