İbrahim Uzun
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
АЈДИН (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а седум беа спасени во потонувањето на гумен чамец во областа на Кушадаси во западна Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Според првичните информации меѓу загинатите има и три деца.
Бродот на крајбрежната стража кој бил во патрола ги забележал бегалците во морето по што морале да интервенираат.
Припадниците на крајбрежната стража, досега ги пронашла телата на 11 лица, а седум се спасени. Се продолжуваат активностите за пребарување и спасување во подрачјето за кое се претпоставува дека бродот потонал.