Furkan Abdula
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија бројот на ревакцинирани граѓани против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 700.000. пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на земјата.
Во соопштението се истакнува дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани“, се наведува во ова соопштение.
„Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза вакцина и 31 отсто од населението на возраст од 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во соопштението.
Се нагласува дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.
„Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа“, се додава во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.