Husamedin Gina
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 152 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 10.086, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти од Ковид-19, така што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија останува 460.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 5.427.
Во моментов во Северна Македонија има 4.199 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.077 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 95.169 тестирања на коронавирусот.