Ekipa
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 2.000 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 270.897, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.
Во истиот период пријавени се 23 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се 12 лица починати во периодот од 24.12.2021. до 30.01.2022 година. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.444.
Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 247.670.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 14.783.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.779 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања.