Husamedin Gina
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 340 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 300.106, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 2 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица, со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се пријавени 9 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.097.
Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 288.761.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.248.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.557 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања.