Husamedin Gina
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистриран е 1 нов случај на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на евидентирани случаи на вирусот од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 155.418, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 3 лица, со што билансот на починати во земјата се искачи на 5.458.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 204 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.496.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 464.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.375 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања.