Furkan Abdula
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 16 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 7 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.455.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 332 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.292.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 670.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.825 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања.