Furkan Abdula
26 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 10 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.965, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа две лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.491.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 295.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 300.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.473 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања