Admir Fazlagic
22 Јануари 2021•Ажурирај: 23 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 307 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 90.124, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 14 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.768.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 76.045.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.311
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.854 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања.