Furkan Abdula
19 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 415 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 98.584, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 19 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.037.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 244 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 89.022.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.525.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.549 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања.