Furkan Abdula
28 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 50 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.217, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 18 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.387.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 147.301.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.449.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.955 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања.