Furkan Abdula
03 Јули 2021•Ажурирај: 04 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 6 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.706, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.486.
Исто така во последното деноноќие не се регистрирани оздравени пациенти од Ковид-19, со што билансот на оздравени остана ист, односно изнесува 150.067.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 153.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.028 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања.