Furkan Abdula
30 Септември 2022•Ажурирај: 02 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА)
Северна Македонија ги осуди референдумите за припојување на четирите украински области (Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск) кон Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, преку социјалните мрежи реагираше против овие референдуми.
„Остро ги осудуваме лажните „референдуми“ кои претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Османи.
Тој нагласи дека резултатите на овие референдуми се ништовни и неважечки, и дека нема да бидат признаени од страна на Северна Македонија.
„Стоиме покрај Украина во поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, додаде Османи.