Bojan Bednar,Lejla Biogradlija
29 Септември 2022•Ажурирај: 30 Септември 2022
БЕЛГРАД (АА) ‒ Во српскиот главен град Белград започна 10. Балкански саем за текстил, на кој учествуваат и турски компании, јавува Агенција Анадолија (АА).
На саемот учествуваат 53 компании од Туркије, а учесниците на саемот од Кина, Португалија и Србија на посетителите ќе им ги претстават новостите во секторот за текстил.
Покрај производите од текстил, на саемот се изложуваат и нови машини кои се користат во овој сектор.
Саемот ќе биде отворен до 1 октомври.