Furkan Abdula
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 202 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 307.344, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 2 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.236.
Институтот за јавно здравје регистрира 201 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 296.373.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.534.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.285 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања.