Furkan Abdula
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 491 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 337.040, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 8 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.437.
Институтот за јавно здравје регистрира 595 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 324.120.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.483.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.108 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања.