Furkan Abdula
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 81 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 342.696, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.531.
Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 332.787.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 378.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 787 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања.