Furkan Abdula
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 884 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 326.154, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 5 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.368.
Институтот за јавно здравје регистрира 745 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 311.760.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 5.026.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.866 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања.