Furkan Abdula
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 89 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.684, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 2 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.289.
Институтот за јавно здравје регистрира 87 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 300.761.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 634.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.221 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања.