Furkan Abdula
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
СКОПЈЕ
Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 93 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.506, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.287.
Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 300.617.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 602.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.365 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирање.