Admir Fazlagic
26 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 489 нови случаи на коронавирусот ( Ковид-19) со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 80.896, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 26 лице, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.401.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 58.182.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 20.313.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.892 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 390.377 тестирања.