Furkan Abdula
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се седум нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што по повеќе од една години дневно се регистрирани под 10 случаи со овој вирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со оваа бројка, вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на на 155.067.
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 18 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.329.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 146.940.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.798.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.418 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирање.