Husamedin Gina
23 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се регистрирани 509 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во земјата на 99.917, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.085.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 354 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 90.096 оздравени од почетокот на заразата.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.736.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.813 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирање.