Admir Fazlagic
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последние 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.406, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на починати од последиците на Ковид-19 се искачи на 359.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица изнесува 3.554.
Како што соопшти министерството, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на овој вирус.