Admir Fazlagic
12 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 139 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.217, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека е починат еден пациент од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 530.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 8.487, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.200.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 119.102 тестирања на овој вирус.