Admir Fazlagic
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 153 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на заразени лица со овој вирус во земјата се искачи на 5.595, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус се искачи на 265.
Според соопштението, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 2.166.
Како што се наведува во соопштението, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на овој вирус.