Admir Fazlagic
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 477 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 87.590, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.657.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 68.364.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.238.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.543 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања.