Besar Ademi
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – По повод 21 март - Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, во градскиот парк во Скопје клубот „Ескрим – Скопје“ организираше трка под мотото „Run for Down“, во кој освен децата со Даунов синдрим и нивните семејства, трчаа и други хумани граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на овој настан, кој годинава по втор пат се организира, е да се стимулираат спортските клубови да ги отвараат своите врати за децата со Даунов синдром и да ги вклучат и нив во спортот.
Претседателката на клубот „Ескрим – Скопје“, Билјана Козмановска-Николовска, истакна дека ова е еден хуманитарен настан, при што собираат пари за образованието на децата со овој синдром.
„Овој настан има цел да ја подигне свеста за лицата со Даунов синдром. Апелирам до сите спортисти и спортски клубови да ги отвораат нивните врати за овие луѓе“, истакна Николовска.
Годишната тема на Меѓународниот ден за лицата со Даунов синдром е „MyVoiceMyCommunity (Мој глас, моја заедница)“, која има цел за оспособување на лицата со Даунов синдром да зборуваат, да бидат општествено активни, како и целосно да се вклучат во заедницата.